Холандија е фаворит, но и Шведска беше фаворит, па ја победивме (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денес во Скопје го пречекува најголемиот кандидат за првото место во нашата група, селекцијата на Холандија.

Откако на отворањето на квалификациите нашите надежи успеаја да ја совладаат Шведска на гостински терен со 0-1, сега пред себе го имаат најголем предизвик во квалификациите. Холандија е голем фаворит со квота од 1.25 во Sport Life, но и Шведска беше голем фаворит, па потклекна пред нашите млади фудбалери.

Патриотската квота на Македонија изнесува неверојатни 9.50, додека нерешениот резултат носи квота од 5.75.

Дуелот на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје започнува во 15:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести