6103 Унгарија – Холандија (20:45)
Холандија е на добар пат да обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на нации, а тоа значи да го освои најмалку второто место во групата. За да дојдат блиску до такво нешто, потребно е барем да останат непоразени на гостувањето против Унгарија, која има само еден бод, кој го освои во дуелот против Босна и Херцеговина. Што се однесува до ефикасноста, Холандија е во серија од шест натпревари по ред на кои се постигнати по најмалку три гола, а во меѓусебните дуели против Унгарија има осум победи во низа, а на последните пет имало и 3+ голови.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.12)
6104 Босна и Херцеговина – Германија (20:45)
Слично како и Холандија, така и Германија со добар резултат на гостувањето кај Босна и Херцеговина речиси ќе си го обезбеди пласманот во четвртфиналето, но Јулијан Нагелсман има големи проблеми околу составот, па мораше да повика дури шест дебитанти. Босна и Херцеговина и Германија имаат одиграно само два натпревари и двата завршиле со голови во двете мрежи, па такво нешто може да се очекува и вечерва. Со оглед на проблемите околу составот кои ги имаат германците, сосема извесно е дека домашните ќе успеат барем еднаш да ја затресат нивната мрежа.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.10)
6118 Турција – Црна Гора (20:45)
Турција никогаш нема загубено меч од Црна Гора, а низ историјата имаат одиграно вкупно четири. Два натпревари добиле турците, додека два меча завршиле нерешено. Црна Гора има нула бодови во групата и е во лоша форма со четири порази по ред, па Турција е голем фаворит на овој натпревар, на кој освен нивна победа, се очекува и ефикасен фудбал.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.95)
6701 Англија У21 – Украина У21 (20:45)
Дуелот против Украина е последна надеж за младите англиски репрезентативци дека ќе дојдат до првото место во групата, а со тоа и до директен пласман на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Англија е во серија од шест натпревари без пораз, на кои имаат пет победи и само едно реми. Последните три меѓусебни натпревари на овие две репрезентации завршуваа со по најмалку два гола, а така беше и на последните три меча на кои настапија украинците.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.95)
6740 Германија У21 – Бугарија У21 (18:00)
Германија со 22 бода од осум натпревар е лидер во квалификациската група за пласман на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Победа над Бугарија ќе значи и виза за континенталниот собир, а се освен голови во мрежата на нашите источни соседи ќе биде големо изненадување. Германците на осумте натпревари од квалификациите имаат постигнато 30 гола, а на последните два меча победуваа со 10-1 и 5-1.
Предлог тип: Т1 4+ (2.25)