Холандија против Аргентина ќе ја бара првата победа во историјата на СП

Холандската ракометна репрезентација е подготвена да испише историја на планетарните собири. Лалињата цели 62 години чекаа за повторно да бидат дел од Светско првенство, а денеска ќе играат против Аргентина. Иако делува по малку неверојатно, но Холандија досега никогаш не победила на ракометен Мундијал.

Кога играа на единствениот за нив досега ваков турнир, во далечната 1961 година во Германија, Холандија претрпе два убедливи порази. Од Германија загуби со 33:7, а од Франција беа поразени со 22:11 и на крајот завршија на 11-тото место од 12 селекции кои беа дел од Мундијалот.

На СП во Полска и Шведска, Холандија се пласира со покана, а на клупата го имаат некогашниот легендарен шведски ракометар Штефан Олсен. Холандскиот ракомет е во подем, тие беа дел од последните две Европски првенства, каде што завршуваа на 17-то и 10-то место, а имааат биланс од четири победи, едно реми и пет порази.

На Мундијалот во Полска, Холандија денеска игра против Аргентина, в недела ќе ѝ биде противник на нашата Македонија, а во третото коло ќе игра против фаворитот Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести