Холандија прв четвртфиналнист, вечер ќе се знае дали Меси и Аргентина ќе им бидат следни ривали

Репрезентацијата на Холандија е прв четвртфиналист на Светското првенство во Катар. Популарните Лалиња без многу мака со 3:1 славеа во дуелот против САД и сега за противник го чекаат подобриот од средбата меѓу Аргентина и Австралија која се игра вечерва.

Холандија поведе во 10 минута кога по една одлична акција во која имаа повеќе од 20 додавања, реализираше Мемфис Депај.

По примениот гол, американците тргнаа во напад за да израмнат и ја имаа иницијативата, но немаа реализација. Кога се очекуваше да биде означен крајот на првиот дел, Холандија направи уште една одлична акција, а овојпат Блинд беше реализатор за 2:0 на полувреме.

Во второто полувреме САД успеа да даде гол и да намали на 1:2 преку Рајт и тоа е најчудниот гол кој досега е постигнат во Катар. Сепак, надежта на Американците дека може да стигнат до нерешено траеше кратко.

Думфрис кој асистираше на првите два гола за Холандија, во 81 минута се најде во улога на реализатор и погоди за 3:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на првиот осминафинален дуел.

- Оглас -

Најнови вести