Холандија „застана“ во второто полувреме, па неславниот рекорд на Македонија не беше срушен

Репрезентацијата на Холандија стигна до најубедливата победа на ова Европско ракометно првенство, откако со 36:20 ја победи Босна и Херцеговина. Со овој триумф Холандија сигурно ја поминува групната фаза, а Босна и Херцеговина е без шанса за такво нешто.

Уште од самиот старт Холанѓаните покажаа дека се супериорни и по 15-тина минути игра имаа двоцифрена предност од 13:3. Разликата од 10 гола остана и на полувремето, кога беше 17:7.

Во вториот дел, Холандија притискаше само во првите 15-тина минути, а потоа подзастанаа, исто како што беше во првото полувреме. Стигнаа до 30:14, а до крајот на мечот ја задржаа предноста од 16 голови предност.

Со оваа победа, Холандија не успеа да го сруши рекордот за најубедлива победа на европските првенства која е во сопственост на Чешка и тоа во дуелот против Македонија. Тоа се случи во 1998 година кога Чешка немаше милост и ја победи нашата репезентација со 38:18. Оваа победа од 20 разлика уште е најубедлива во историјата на континенталните натпреварувања.

Во останатите два меча кои се одиграа во овој период: Чешка – Португалија 27:30, Полска – Словенија 25:32.

- Оглас -

Најнови вести