Холандија убедливо со 4:0 ја победи Унгарија, а освен четирите погодоци, мечот го одбележа и немилиот настан на почетокот од средбата, кога му се слоши на Адам Салаи, кој е дел од стручниот штаб на Унгарија.
Повеќе од 10 минути траеше борбата да се врати Салаи во живот и на крајот тоа беше успешно. Само неколку моменти откако Салаи беше спасен, беше досуден пенал за Холандија, а Воут Вегхорст го реализираше за водство на Лалињата од 1:0.
По постигнувањето н голот, Вегхорст прослави со проклизување на коленици и тоа може да го видите ТУКА.
Ваквиот начин на прослава на голот и тоа само 2-3 минути откако претходно имаше борба за живот, наиде на негодување кај многу фанови, но и кај холандската фудбалска легенда, Рафаел ван дер Варт.
„Кога ќе дадеш гол и така ќе прославиш…Ме заболе желудникот. Малку суптилност ќе беше многу посоодветно“, коментираше Ван дер Варт.