Холандски судија го славеше трофејот со клубот на кој претходно им судеше (Видео)

Холандскиот судија Јан Смит заработи доживотна суспензија и нема да може во иднина да суди натпревари откако предизвика скандал во четвртата лига. Тој го судеше мечот помеѓу Ст. Џорџ и Де Валкен, кој заврши нерешено, а значеше дека домашната екипа го освои првото место.

Дотука нема ништо чудно, но тој на натпреварот додели три црвени картони за екипата на Де Валкен, а мечот го продолжи 15 минути, односно сè додека домашните не постигнат погодок. По натпреварот, судијата заедно со навивачите на Ст. Џорџ го славеше трофејот и пееше навивачки песни.

„Испеав само една песна и го кренав трофејот. Тоа е сè. Тажен сум поради ваквата одлука“, вели разочараниот 61-годишен фудбалски судија.

Сосема нормално, од екипата на Де Валкен бараат преигрување на натпреварот бидејќи очигледно судијата бил навивач на противничката екипа, па сега се очекува одлука на Фудбалскиот сојуз на Холандија околу ова барање на гостинската екипа.

- Оглас -

Најнови вести