Холандските навивачи го советуваат Де Бур да го пушти „Б тимот“ против Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) ќе го одигра последниот свој натпревар на ова Европско првенство, против селекцијата на Холандија. Фаворитот од нашата група Ц има шест бода пред овој меч и веќе се пласира во осминафиналето, но целта е да се задржи првото место, односно и против нашите Рисови да ги освојат сите три бода.

Сепак, повеќето холандски навивачи сметаат дека селекторот Франк Де Бур не треба да ги троши главните играчи кои треба да му ја донесат посакуваната победа, туку да им даде шанса на играчите кои досега ја грејат клупата.

Со други зборови кажано, Холанѓаните ја потценуваат репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски.

https://twitter.com/FootballOranje_/status/1406176874431238144

 

- Оглас -

Најнови вести