Холанѓаните го обоија Дортмунд во портокалово, ги плашат Англичаните со Кројф, Гулит… (Видео)

Холандските навивачи прават шоу по улиците на германските градови пред секој меч на нивната репрезентација, а денеска е исто и во Дортмунд.

Илјадници фанови облечени во портокалово со часови се загреваат за вечерашниот меч, а сето тоа делува многу убаво за гледање. Тие имаат и мини статуи со ликовите на најголемите холандски фудбалски легенди, што треба да биде мотивација за сегашната генерација фудбалери кои вечер ќе бијат битка со Англија за влез во финалето на ЕВРО 2024.

Холандија беше европски првак во 1988 година, кога европскиот шампионат исто така се играше во Германија како и годинава. Тоа им влева надеж дека историјата може да се повтори.

- Оглас -

Најнови вести