Холифилд се врати во рингот и доби нокаут во првата рунда (Видео)

Некогашниот светски боксерски првак Ивандер Холифилд, имаше неславно враќање во рингот. За Холифилд ова беше прва борба по пауза од 10 години, но успеа да издржи само една минута.

Некогашниот ММА борец Витор Белфорт беше многу посилен. Белфорт најпрво успеа да го прати Холифилд на подот, а откако борбата продолжи, следуваа нови силни удари во главата и телото на некогашниот шампион,  па судијата мораше да го прекине мечот.

За Холифилд ова беше 11-ти пораз во кариерата. Тој стана светски познат по легендарниот меч против Мајк Тајсон, кога Челичниот Мајк му одгриза дел од увото на Ивандер.

 

- Оглас -

Најнови вести