„Резервната“ Шпанија одигра само нерешено против Ирак (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија одигра само 1-1 против Ирак на првиот пријателски меч во пресрет на Светското првенство. Луис де ла Фуенте на мечот во Ла Коруња се одлучи да настапи без ѕвезди, па шпанските „резервисти“ не успеаја да слават против селекцијата која изненадувачки се пласираше на Мундијалот.

Во составот на Шпанија ги немаше Ламин Јамал, Родри, Педри, Нико Вилијамс, Ојарзабал, Зубименди, Кукуреља …

Голот за водство на „црвената фурија“ беше дело на Феран Торес во 16-тата минута, додека Ирак израмни преку Доски во 27-мата минута. Генералната за Шпанија пред настапот на Светското првенство ќе биде дуелот против Перу во вторник.

- Оглас -

Најнови вести