Невиден фудбалски трилер одиграа Реал Мадрид и Челзи и по 120-минутна драма на „Сантијаго Бернабеу“, шпанскиот го урна актуелниот европски крал, иако вечерва загуби со 2:3 по две продолженија.
Имаше и прекрасни акции, голови, потези што го прават фудбалот најважната споредна работа на светот, а Челзи до 80-тата минута имаше сезнација в раце и предност од 3:0, иако првиот меч дома го загуби со 1:3.
Сепак, таму ќе игра најтрофејниот европски клуб Реал, кој има 13 титули, а голот на Родриго во 80-тата минута, по блескавата асистенција на Лука Модриќ, донесе продоженија на „Сантијаго Бернабеу“.
Потоа на сцена стапи опасниот стрелец Карим Бензема и со гол во шестата минута од првото продолжение намали на 2:3 и го одведе Реал во полуфиналето со вкупен резултат од 4:3.
Таму ги чека победникот од двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер сити, а реваншот се игра утре, во главниот шпански град.
Првиот меч го доби англискиот тим со 1:0.

