Хорор: Фудбалер со сета сила се удри во ѕидот позади голот, Брзата помош никаде ја немаше (Видео)

Фудбалерите на резервниот тим на Лас Палмас се натпреваруваат во третата лига по ранг во Шпанија, а Саул Коко е оној кој засекогаш ќе го памти дуелот против Атлетико Такоронте. Во еден обид да го спречи противничкиот играч да дојде до топката, Саул загуби рамнотежа и со сета сила се удри во ѕидот кој е на неколку метри од голот.

Веднаш сите играчи останаа во шок, а повредениот играч остана во болки да лежи на земјата. Клупскиот лекар веднаш притрча да му даде помош на повредениот играч, но Брзата помош се чекаше неверојатни 40 минути за да дојде и да го пренесе повредениот фудбалер во локалната болница.

За среќа, Саул помина „само“ со скршеници на двете раце, повреди кои може да се санираат. Една ваква слична кобна ситуација се случи пред повеќе од 10 години во Хрватска, кога на меч од првата лига, играчот на Задар, Хрвоје Чустиќ се удри со главата во ѕидот покрај теренот и по неколку дена почина во болница.

Погледнете ја ситуацијата која се случи во Шпанија, а играчот на Лас Паламс на крајот имаше и многу среќа.

- Оглас -

Најнови вести