Ужасна повреда на Нејмар (Видео)

Пари Сен Жермен нема многу причини за радост по победата на гости кај Сент Етјен, затоа што пред крајот на дуелот се повреди Нејмар.

Во 83 минута Нејмар тргна во напад, еден противнички играч се обиде со лизгачки старт да му ја одземе топката но не успеа. Во еден момент Нејмар стапна врз ногата на противникот, а потоа го свитка зглобот.

Бразилецот во болки падна на тревата и беше изнесен од теренот. Засега не се знае колку ќе паузира Нејмар, но првичните проценки се дека се работи за сериозна повреда на зглобот на ногата.

- Оглас -

Најнови вести