Хорор сцени на меч во МЛБ-лигата: Пукотници пред стадионот ги стресоа присутните (видео)

Ранети се четири лица во огнената престрелка која се случуваше пред еден од влезовите на стадионот на Вашингтон нешналс, по што дуелот против Сан Диего падрес беше прекинат. Хорор сцените ги уплашија присутните на „Нешналс парк“ кои откако слушнаа пукотници почнаа да се кријат под седиштата, а дуелот веднаш беше суспендиран од сигурносни причини.

На видеото се слуша повеќекратно пукање со огнено оружје во непосредна близина, па дел од гледачите мислејќи дека престрелката е внатре во арената, од страв почнаа панично да го напуштаат стадионот, а некои излезот го бараа преку излезите на теренот кои се користат од страна на играчите.

- Оглас -

Најнови вести