Хорор во Боливија – Судија почина од срцев удар (Видео)

Младиот судија Уго Уртадо доживеа срцев удар на мечот од боливиското првенство меѓу Олуис Реди и Ориенте Петролеро, а за жал не му помогна ниту интервенцијата на медицинските лица.

На видеоснимката се гледа како Уртадо, кој има 32 години паѓа како покосен на терен и за жал не го преживеа ударот.

Беше однесен во болница, но и таму доживеал уште еден срцев удар по што почина.

Мечот и покрај страшната трагедија што му се случи на Уртадо продолжи, а домаќините победија со 5:0.

- Оглас -

Најнови вести