Хоселу е супер џокерот на Шпанија, за Црвената фурија дава гол на секои 27 минути

Хосе Луис Мато Санмартин, или скратено Хоселу, е 33-годишниот напаѓач роден во Штутгарт, кој е вистински талисман и џокер на шпанската репрезентација.

Хоселу, кој сезонава во дресот на Еспањол беше трет стрелец во шпанската лига, наскоро треба да стане играч на Реал Мадрид и според игрите што ги прикажува, би бил одлична резерва во Кралскиот клуб.

На Хоселу кога игра за Шпанија, не му треба многу време за да даде гол. Севкупно, во дресот на националниот тим има три гола за 81 минута игра, што во просек е по еден гол на секои 27 минути.

А, погодува експресно по појавувањето на теренот, најпрвин даде два гола против Норвешка (две и четири минути по влегување во игра), а синоќа против Италија во полуфиналето на Лигата на нации даде гол 5-6 минути по стапнување на теренот.

Трите гола за Шпанија ги даде од пет шута кон противничките голови. На стадионот на Твенте имаше 5.000 шпански навивачи кои беа во еуфорија по победата над ривалот и порачаа дека за нив Хоселу е подобар од Халанд.

- Оглас -

Најнови вести