Храбар е Кари, со шрауба победа за Исланд ќари (Видео)

Арон Палмарсон е прогласен за играч на мечот во големата победа на Исланд против актуелниот светски првак Данска и признанието апсолутно го заслужи, но голем јунак на сензацијата на денот на ЕП 2020 е пикерот Кари Кристјан Кристјансон.

Во моментите кога се кршеше резултатот, 35-годишниот пивот на Исланд се одлучи за ризичен потег, што испадна и најатрактивен момент на мечот. Кари погоди со шрауба и му донесе предност на аутсајдерот од 29:27 во 52. минута од мечот, а потоа Данците не успеаја да израмнат до крајот и загубија со 30:31.

Ова е голема победа на Исланд, а потегот на Кристјансон сигурно ќе конкурира за нај-гол во вториот ден од Европското првенство што го организираат Австрија, Шведска и Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести