Храброст или лудост: Сосиедад во вторник стартува со тренинзи

Шпанија е една од најпогодените земји во Европа од пандемијата со Коронавирусот со потврдени повеќе од 160.000 случаи на заразени, додека над 16.000 лица ја загубија животката битка. И покрај овие загрижувачки бројки, Реал Сосиедад потврди дека во вторник започнува тренажен процес во посебни услови.

Баскискиот клуб заедно со Валенсија ќе бидат првите клубови од Ла Лига кои им се враќаат на обврските, откако претходно Лилјаците најавија дека од утре ќе ги отворат вратите на тренинг центарот.  Во меѓувреме шпанската Влада ја продолжи вонредната состојба до 26 април иако денес требаше да биде последен ден, а не се исклучува опцијата вонредната состојба да се продолжи на уште 15 дена.

Инаку, доколку играчите одбијат да почнат со тренинзи, ќе се држат до досегашниот план да вежбаат во домашни услови, откако веќе еден месец се во самоизолација.

 

- Оглас -

Најнови вести