Христијан е вториот шампион на Спортска прогноза – Убедливо стигна до премијата ТВ Смарт од 48 инчи

Христијан Т. е вториот шампион на Спортска прогноза, а до главната премија ТВ Смарт од 48 инчи стигнс на убедлив начин и по 34 одиграни кола славеше со 235 поени, или 15 поени повеќе од вицепрвакот Николче Д.

За второ место во втората сезона наградата е 500.000 СЛ маркет поени, што Николче може да ги искористи во големиот асортиман производи што со своите соработници ги нуди Sport Life.

Во фото-финиш имаше вистинска драма во битката за Генерален пласман и првопласираните пет учесници се со тесна разлика од 3 поени.

Место на подиумот има и за третопласираниот Славе Б. кој ќе добие 400.000 СЛ поени од маркетот на Sport Life. Тој собра вкупно 219 поени во 34 рунди на Спортска прогноза.

Награди има и за Петар З., кој е на четвртото место со 218 поени и на неговото конто, односно на картичката од Sport Life одат 300.000 СЛ поени.

Најдобрата петорка на втората сезона на играта што предизвика голем интерес, бидејќи може да се оидгра лесно и е бесплатна, ја заокружи Пеце К. со 217 поени. За него има награда од 200.000 поени во СЛ маркетот.

Во втората сезона што заврши со последното коло викендов, за жал, немаше ниту една погодена тринаесетка, па „ајфонот“ како главна премија за секоја рунда не е доделен.

Најблиску беше Злате И. во последниот круг, но стигна до 12 точни прогнози, 13-тата побегна за еден гол, па тој доби ваучер од 1.000 денари.

Вкупно се доделени 45 ваучери од по 500 денари, или толку прогнозери во некое од 34-те кола имаa погодено по 11 натпревари.

Вкупно имаше околу 40 илјади прогнози, а поради пандемијата со ковид-19 остана неодиграно 27-мото коло од играта.

Секако, ќе има продолжение и нова, трета сезона со почетокот на Топ-5 првенствата за натпреварувачката 2020/21.

- Оглас -

Најнови вести