Христијан од Пехчево по вторпат е победник во генерален пласман на Спортска прогноза

Христијан Тренчевски од Пехчево е победник во генералниот пласман на Спортска прогноза, и како награда ќе добие Самсунг 4К 50инчен телевизор.

Во 36-те кола во четвртата сезона на популарната бесплатна игра, Христијан добра вкупно 250 поени, и за еден поен го одбрани првото место кое го држеше извесен период. Инаку, тој е докажано добар прогнозер, беше победник и во втората сезона на Спортска прогноза.

Второто место го освои Саша Трендов кој имаше 249 поени. Тој за пласманот на втора позиција ќе добие 500.000 СЛ маркет поени. Трети е Живко Данилов со 247 поени, на картичката ќе му бидат префрлени 400.000 СЛ маркет поени.

Во топ 5 влегоа и Васа Ицева која имаше 243 поени, а добива 300.000 СЛ маркет поени, и Влатко Стоименовски со 242 поени. Тој ќе добие 200.000 СЛ маркет поени.

- Оглас -

Најнови вести