Хрвати заедно со Французи се тепаа против Украинци во Лигата на Европа (Видео)

Повеќе од десетина хулигани се уапсени по инцидентите кои се случија пред, но и за време на дуелот меѓу Олександрија и Сент Етјен во Лигата на Европа. Повеќе од стотина хулигани учествувале во инцидентите во градот Лвов, во кои беа повредени и двајца полицајци, а биле запалени и две полициски возила.

https://twitter.com/HooligansTV_eu/status/1192420145618137088

Интересно е што меѓу хулиганите имало и Хрвати, односно навивачи на Хајдук. Членови на популарната Торцида заедно со фанови на Сент Етјен нападнале домашни симпатизери.

Навивачите на Хајдук и тие на Сент Етјен се познати како пријатели уште од далечната 1974 година, кога овие два клуба играа во Купот на куповите на шампионите. Низ годините можеа да се видат транспаренти на Торцида на мечевите на Сент Етјен, а симатизери на францускиот тим знаат да дојдат во Хрватска и да навиваат за Хајдук во дербито против Динамо.

- Оглас -

Најнови вести