Хрватите дури без деветмина од „сребрените“

Репрезентацијата на Хрватска своето место на Европското првенство кое се игра следната година ќе мора да го брка дури без деветмина фудбалери кои беа во составот на Златко Далиќ на ланското Светско првенство, на кое „коцкестите“ стигнаа до финалето.

По Мундијалот во Русија и историскиот успех, од репрезентацијата се просторија Ведран Чорлука, Марио Манџукиќ и голманот Даниел Субашиќ. За дуелот со Азербејџан од стартот на квалификациите за ЕП, Далиќ нема да може да смета уште на неколку играчи. Тоа се повредените Шиме Врсаљко, Јосип Пивариќ и Марко Пјаца, а Иван Стриниќ поради срцеви проблеми, веќе со месеци е надвор од терените.

Поради картони, нема да настапи суспендираниот Дејан Ловрен, а недисциплинираниот Никола Калиниќ, кој беше исфрлен од тимот среде СП, останува со истиот статус. Неизвесен е Тин Једвај, но се очекува да играат Брозовиќ, Ребиќ и Перишиќ, кои имаа слични проблеми.

- Оглас -

Најнови вести