Хрватите олимписките квалификации ги почнуваат против братот на Дражен Петровиќ

Кошаркарската репрезентација на Хрватска вечерва од 20 часот го почнува својот настап на квалификациите за Олимписките игри во Токио, а прв ривал им е Бразил, чиј селектор веќе четири години е добро познат Хрват, Александар Петровиќ, човекот кој беше селектор на Хрватска кога Коцкестите играа на Олимписките игри во 2016 година.

Предноста на Хрватите е што играат дома во Сплит, ја имаат и НБА-ѕвездата Бојан Богдановиќ. Најголем адут на Бразилците ќе биде токму популарниот Аца трица, кој во срж ги познава своите сонародници. Бразил синоќа го совлада Тунис и практично си обезбеди полуфинале.

Само победникот од сплитската група ќе се пласира на ОИ, а освен Хрватска и Бразил, амбиции на тој турнир имаат и Русите, Германците, па и Мексиканците, кои се во другата група, и двата најдобри одат во полуфинале, најверојатно против Хрватска и Бразил.

- Оглас -

Најнови вести