Хрватите порачаа дека нема да клечат пред мечевите на ЕП

Челниците на Хрватската фудбалска федерација (ХНС) потврдија дека нивните фудбалери нема да клечат пред почетокот на мечевите на Европското првенство. На пријателскиот меч против Белгија, Хрватите не клечеа, што предизвика големо внимание во Англија, каде што Хрватска и ќе го игра првиот меч.

Од ХНС велат дека го осудуваат секој облик на расизам и дискриминација, по додадоа дека секоја репрезентација самата одличува како ќе се бори против тоа.

„ХНС секогаш и секаде ги осудува сите облици на расизам и дискриминација, но сметаме дека секој играч има право на избор како ќе се постави кон тој проблем. Пред мечот со Белгија, фудбалерите одлучија дека почит кон борбата против расизмот ќе ја истакнат со мирно стоење и така да го испочитуваат клечењето на нивните белгиски колеги. На хрватскиот народ клечењето не му е познато како начин за искажување на почит и што е најважно, хрватските фудбалери со своите дела и однесување на теренот низ текот на целата кариера покажале дека воопшто не им е битна бојата на кожата или расата на противникот“, стои во соопштението на ХНС.

Хрватите не се единствената репрезентација која нема да клечи пред почетокот на мечевите. Тоа претходно го најавија и селекциите на Русија, Чешка, Полска, Словачка и Унгарија.

 

- Оглас -

Најнови вести