Хрватите предупредуваат дека Македонија може да биде опасна

Македонската ракометна репрезентација синоќа имаше одличен тест меч против Србија, во пресрет на Светското првенство кое започнува за помалку од една недела. Избраниците на селекторот Раул Гонзалес, во салата „Борис Трајковски“ славеа со 37:31 против Србија, во првиот од двата контролни дуели со овој ривал.

Победата на Македонија не остана незабележана и кај ривалите на Мндијалот во Германија. Хрватските медиуми пишуваат дека Македонија одиграла одличен меч и дека Србија била немоќна. Потенцирано е дека во текот на целиот меч, Македонија имала убедлива предност, која во 46 минута изнесуваше 12 голови предност (31:19).

Македонија и Србија вечерва ќе одиграат уште еден контролен дуел, но овојпат ќе биде од затворен карактер. Тоа ќе биде и последниот тест за Македонија пред патот во Германија на СП.

На Мундијалот во Минхен, Македонија започнува против Јапонија (11 јануари) и Бахреин (13 јануари). Овие два меча се оние дуели кои мора да се добијат за да се остане во трка за посакуваното трето место, кое води во главната фаза.

Доколку се освојат четири бода од првите два меча, потоа, на 14 јануари следи дерби средба токму против Хрватска, предводена од Лино Червар, кој многу добро ги познава поголемиот дел од нашите репрезентативци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести