Хрватите се лизнаа на слаломот на Тамкин (Видео)

Хрватска не успеа да го победи Азербејџан и во второто гостување во Баку и повторно во квалификациски меч за Европското првенство ремизираше вечерва 1:1.

Лука Модриќ со гол од пенал во 11-тата минута на светските вицешампиони им донесе предност од 1:0, а потоа се редеа шанси и на двете страни.

https://www.youtube.com/watch?v=peg9XxrUz4M

Немаше погодок сè до 72-рата минута, а вредеше да се чека еден час за гол каков што постигна Тамкин Халилзада. Играчот на Сабах од Баку влезе како резерва во 69-тата минута и само 180 секунди подоцна, со извонреден соло-продор ги нанижа дефанзивците на Хрватска и им ја затресе мрежата за реми 1:1.

И на претходното гостување во Баку во квалификациски меч за ЕП, Коцкестите ремизираа пред три години без голови со Азербејџан.

https://www.youtube.com/watch?v=YN9L4Yf12Hs

Со пет одиграни натпревари, Хрватска е лидер со 10 бода, пред Унгарија со 9, но и натпревар помалку. Следува Велс со 6 бода од 4 меча, исто колку што има и Словачка. Азербејџан го освои првиот бод во групата Е.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести