Хрватите слават роденден на Модриќ, но треба да пејат приспивни песни (Видео)

Хрватски фанови пројавија татковски инстинкти, бидејќи во петокот пред мечот со Словачка во Трнава, на едно бебе кое случајно го сретнаа на улица со неговата мајка, му пееја приспивна песна.

Девојчето со голем интерес ја проследи песната. Неколку часа подоцна, Хрватска славеше со 4-0 против Словачка, во квалификациите за Евро 2020. Дали и денеска хрватските навивачи во Баку ќе најдат некое бебе и ќе му пејат за среќа на нивниот национален тим, останува да се види.

https://twitter.com/i/status/1170920047776358400

Инаку, денеска 34-ти роденден слави капитенот Лука Модриќ. Плејмејкерот на Реал Мадрид речиси редовно своите родендени ги прославува за време на репрезентативни активности. Претходниот роденден го прослави како најдобар играч на светот и финалист на СП со својата селекција. Сега си посака пласман на ЕП, а голем чекор кон остварување на желбата би бил победа над Азербејџан.

На 34-годишна возраст, од хрватскиот дрес се повлекоа Срна, Шукер, Асановиќ, Штимац и Солдо, Бобан уште помлад, а Модриќ и на 34 не помислува на пензионирање. Некогаш велеа дека е премногу низок и срамежлив за да игра фудбал, а сега е душа и тело на „коцкестите“, и планира вгодина да го предводи тимот на континенталниот собир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести