35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Хрватите со реми го почнаа настапот на Мундијалот во Катар

Денешната програма на Светското првенство во Катар започна со најнепопуларниот резултат. Светскиот вицешампион Хрватска одигра без голови против Мароко во првото коло во рамките на групата Ф.

Во досегашниот тек на Мундијалот, три натпревари завршија без победик и сите со истиот резултат – 0:0.

Хрватите кои во Катар дојдоа како финалисти од претходното Светско првенство, не одиграа според очекувањата на своите навивачи. Коцкестите имаа поголем посед на топката благодарение на средниот ред предводен од Лука Модриќ, но не успеаја да ја затресат мрежата на Мароканците.

Најубавата шанса ја имаше Влашиќ во последните моменти од првиот дел, кога од пет метри шутираше директно во голманот Боно.

Во второто полувреме, идентична слика, Хрватите доминираа, но не создадоа шанси, додека Мароканците се закануваа преку контранападите, но без ефект.
Хрватска во второто коло ја очекува дуел со Канада, додека Мароко ќе игра против Белгија.

- Оглас -

Најнови вести