Хрватска е хит на ЕП, од 18 часот оди на нова сензација против шампионките

Хрватска е хит на Европското првенство за ракомет во женска конкуренција, а денеска ќе се обидат да ја продолжат прекрасната авантура и да ги симнат од тронот актуелните шампионки, Французинките.

Популарните Каубојки приредија сензација со пласманот во полуфиналето, прв за нив во историјата, а денеска ќе имаат сложена мисија за пласман во епско финале и битка за европската круна.

Франција е непоразена на шест меча, има само едно реми, против Русија во втората фаза од шампионатот, и речиси рутински стигна до полуфиналето.

Триколорките се фаворити против Хрватска, а потврда е и само еден пораз во досегашните 7 дуели на големите натпреварувања со денешниот ривал. Првото полуфинале ќе се игра од 18 часот во Хернинг, Данска, а два и пол часа подоцна во истата сала меѓу себе ќе играат Норвешка и Данска.

Двете скандинавски селекции се и најтрофејни според титулите на Европските првенства. Рекордер е Норвешка со 7 шампионски круни, а веднаш зад нив е Данска со 3 титули.

 

- Оглас -

Најнови вести