Хрватска е таа што се плаши од „пеколот“ во Осиек

За време на натпреварот Хрватска – Велс од квалификациите за Европското првенство 2020 температурата во Осиек ќе биде 30 степени, а тоа не им се допаѓа ниту на домашните. Светскиот вицепрвак не е среќен што треба да игра од 15 часот, кога во Осиек се очекува многу топло време, но одлуката да се игра во тој термин е донесена уште на 2 декември.

Летото е пред врата, на дождливото време му се ближи крајот, се очекува нагло растење на температурата во целиот регион, па и во источниот дел на областа Славонија, каде што се наоѓа Осиек.

„Крај на сезоната е, играчите се уморни. Треба да се игра во 15 часот, ќе биде пеколно топло, но нема алиби, одиме на победа“, вели селекторот Златко Далиќ.

Хрватите тренираат во Риека, и тоа во терминот од 15 часот за да се навикнат на условите, но сепак има разлика бидејќи во тој дел на Хрватска не е толку топло како во Осиек. Лани во јуни „коцкестите“ играа пријателски меч во Осиек на спарно време, и тоа беше меч кој почна во 18 часот, па рекоа дека згрешиле што не играле подоцна.

Сега термините ги диктираше УЕФА, а олеснителна околност за Хрватска е што и Велшаните не се навикнати да играат на температура од 30 степени.

- Оглас -

Најнови вести