Хрватска игра одлично на сите ракометни фронтови – Чекаат домаќинство на СП 2025

Хрватска игра одлично на сите ракометни фронтови и во очекување на полуфиналниот дуел со Норвешка на ЕП 2020 што ќе се игра утре, ја чека и одлука на ИХФ за организација на Светското првенство во 2025 година.

И ако добијат зелено светло, би биле домаќини заедно со Норвешка и Данска, а единствен конкурент им е Унгарија.

Предност за трилингот земји што поднесоа кандидатура за организација на СП за пет години е што Унгарците ќе бидат домаќини на ЕП 2022 година, па тешко е да се претпостави дека ќе можат да бидат организатори на две големи натпреварувања во толку краток рок.

Ако се случи и чудо и Унгарија да ги организира и ЕП 2022 и СП 2025, тогаш Хрватите би биле домаќини на Мундијалот две години подоцна.

Најавија дека домаќини би биле Загреб, Сплит, Пореч, Вараждин и Дубровник, ако таму се заврши изградба на салата, а во Хрватска би се играле мечеви од првиот и вториот круг, две четврт-финалиња и едно полуфинале. Мечот за титула, според проекциите, би се играл во Осло.

Следното Светско првенство ќе се игра во 2021 година, а домаќин е Египет, за две години потоа организатори ќе бидат Полска и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести