Хрватска победи, а против Аргентина ќе треба да го завери местото во четвртфиналето

Без многу проблеми, Хрватска со 28:18 славеше против Бахреин во меч од Групата 2 на Светското ракометно првенство. Со овој триумф, Коцкестите стигнаа до 5 бода и се во добитна ситуација кога се работи за пласман во четвртфиналето. Во следното коло ривал на четата на Лино Червар ќе биде Аргентина, репрезентација која реално нема квалитет да се спротистави на Хрватите.

Против Бахреин, Хрватска од самиот старт поведе со 3:0, а потоа и со 9:2 ѝ беше јасно дека нема да има дилеми околу победникот. До полувремето, разликата во ниту еден момент не падна под пет гола (13:8), а во ист стил беше и во второто полувреме.

На пат кон четвртфиналето е и Унгарија од Група 1. Унгарците со 29:23 беа подобри од Бразил и сега имаат максимални шест бода по три меча во главната група.

Во останатите два меча кои се одиграа денеска: Јапонија – Аргентина 24:28 и Уругвај – Полска 16:30. Вечерва од 20:30 часот ќе играат: Данска – Катар и Шпанија – Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести