Хрватска со луд пресврт против Германија, Червар повторно имаше легендарен тајм-аут

Хрватска ја победи Германија со 25:24 во неверојатен меч на Европското првенство во Виена. Коцкестите речиси целиот меч беа во негатива, но не се предадоа и на крајот направија пресврт. Со овој триумф Хрватска стигна до петата победа на континенталниот собир и си обезбеди место во полуфиналето.

Во 40 минута Германија водеше со пет гола (17:12) и ретко кој очекуваше дека Хрватска може да се врати во игра. Сепак, избраниците на Лино Червар покажаа дека никогаш не се предаваат и успеаа да израмнат на 22:22, а потоа се играше гол за гол. Германците постојатно беа еден погодок во предност, се до последната минута.

Хрватска за прв пат по 55 минути стигна до водство од 25:22, а голманот Марин Шего го одбрани зицерот на Јанок Колбахер во последниот напад на Германија.

Свои моменти на овој меч имаше и селекторот на Хрватска, Лино Червар кој во првото полувреме најде интересен начин да ги мотивира своите играчи кои беа во подредена улога и губеа со три разлика во тие моменти.

„Што е ова, дали е ова игра? Дали наеднаш станавме глупави? Ова не е игра, ова не е ништо. Морате да бидете храбри. Ова е без врска, ништо не чини. Концентрирајте се, смирете се. Мечот не е завршен“, рече Червар на тајм аутот во 18 минута.

За играч на мечот беше прогласен некогашниот миленик на вардаровите навивачи Игор Карачиќ, кој даде седум голови.

 

- Оглас -

Најнови вести