Хрватска загуби од Полска и не обезбеди учество на СП 2019

Хрватска претрпе пораз од Полска со конечни 69:77 во Вараждин и ги загуби шансите да се пласира на Светското првенство кое ќе се одржи во Кина во септември годинава.

На „коцкестите“ им беше потребен триумф со шест или повеќе поени, за потоа да бараат успешен резултат во Унгарија, но плановите им пропаднаа по очајното издание пред своите љубители.

Иако домаќините на полувреме имаа предност од +6, Полјаците ја презедоа контролата на мечот, додека во решавачкиот период при резултат од 67:67, гостите направија серија од 10-2 и со вкупно седмата победа во квалификациите си резервираа место на Мундобаскетот 2019.

- Оглас -

Најнови вести