Хрватскиот „доктор“ за сервис, со 42 години се пласираше на главниот турнир на САД опен

Иво Карловиќ со 42 и пол години, ги мина квалификациите и се пласираше на главниот турнир на САД опен, и ќе биде еден од највозрасните тенисери во историјата на кои им успеало ова. Популарниот Доктор, кој е познат по својот моќен сервис од кој не можат да се одбранат ниту најдобрите на светот, во првото коло на Флешиунг медоус во Њујорк ќе игра со Андреј Рубљов.

Ова ќе биде 17-та година во која Карловиќ ќе учествува на Отвореното првенство на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести