Хрватскиот Хансен во следната сезона ќе игра за Вардар 1961

Бројот на хрватски ракометари во ракометниот клуб Вардар 1961 нема да се намали со заминувањето на Иван Чупиќ бидејќи во следната сезона доаѓа 25-годишниот Анте Кудуз, кој поради имиџот и сличноста со данската ракометна ѕвезда Микел Хансен, има прекар хрватски Хансен.

Кудуз е лев бек и се наоѓа на поширокиот список на хрватската репрезентација. Кудуз играше за Динамо Букурешт, каде што беше прв стрелец и најдобар поединец во романската лига, но македонскиот тим бил конкретен во преговорите и успеа да го привлече. Тој потпишал на две години.

Нов член на Вардар 1961 од вчера е Црногорецот Васко Шеваљевиќ.

- Оглас -

Најнови вести