Хрватскиот великан даде пет гола а одигра само нерешено

Хајдук одигра само 3:3 на гостувањето кај Локомотива Загреб, во рамките на 19-то коло од првата хрватска лига.

Интересно е што тимот од Сплит постигна дури пет погодоци на оваа средба од кои дури два во својата мрежа, што на крајот ги чинеше злато вредни два бода.

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов на теренот мина 71 минута.

Локомотива поведе со првиот автогол на средбата и тоа на Елез во 11-та минута, а до крајот на првото полувреме Хајдук израмни преку Марко Ливаја.

Мариќ донесе нова радост за домаќините, додека пак Сплиќани преку Млакар со два негови гола напревија комплетен пресврт.

Сепак, Никола Катиќ ја затресе сопствената мрежа и го остави својот тим без два големи бода.

За потсетување, Хајдук во неделата го победи Динамо Загреб со 0:2 на гостински терен.

Со тоа, хрватскиот великан сега има 34 бода и се наоѓа на треттото место во најсилната лига на оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести