Хрватските медиуми го величаат голманот Шего, а и Раул знае дека тој беше фантастичен

Голманот Марин Шего е човекот кој создаде најмногу проблеми за македонските ракометари во поразот од Хрватска (22:31). Чуварот на мрежата на Хрватска беше одличен и секогаш кога беше најпотребно, знаеше да го одбрани нападот на Македонија. Откако беше скршен отпорот на Македонија, Хрватска на крајот стигна и до убедлива победа.

Хрватските медиуми го величат Шего, а и селекторот на Македонија, Раул Гонзалес, го издвои голманот на „коцкестите“ како најголем наш проблем на денешниот меч.

„Голманот Шего бранеше одлично. Одбрани се што шутнавме од шест метри. Едноставно, не ни дозволи да се вратиме во игра. Имавме шанса во второто полувреме, но не ја искористивме. Нашата шанса за поминување во следната фаза останува и ќе се фокусираме да го реализираме тоа“, рече Раул по мечот со Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести