ХСВ си најде одличен тренер за нов атак на пласман во Бундеслигата

Дитер Клаус Хекинг веднаш најде работа, откако не успеа да го продолжи договорот со Борусија Менхенгладбах и од почетокот на идната сезона во Германија ќе биде на кормилото на второлигашот Хамбургер.

Хекинг ќе има сложена задача во обидот да го врати поранешниот европски првак во Бундеслигата. Хамбургер беше на прагот на промоција и во сезоната што заврши неодамна, но лошите резултати во финишот го оставија во Цвајта.

Хекинг е одличен тренер, а реномето го потврди со успешна работа во Хановер, Нирнберг и особено со Волфсбург, екипа што ја предводеше до победа во финалето на германскиот куп и во Суперкупот, а дотурка и до четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде преголема пречка беше Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести