Хулиганите на Рома и Феенорд прават големи нереди а успеаја да искршат и полициско возило (ВИДЕО)

Искршени полициски возила, тепачки и над 60 уапесени хулигани на Рома и Феенорд е досегашниот епилог од Тирана на неколку часови пред финалето од Конференциската лига.

Над 100 илјади фанови во главниот град на Албанија се очекуваат денеска, а тие што се порано дојдени, направија големи проблеми на полицијата.

Досега има 60 уапсени ултраси од кои 48 се Италијанци, додека 12 се од Холандија, а има повредено неколку полицајци, како и локални жители, а најголемиот дел кој што побарал медицинска интервенција се токму ултрасите.

Останува да се надеваме дека во текот на денот нема да има инциденти и се ќе биде максимално фокусирано на 90-те минути на стадионот „Ер Албанија“.

- Оглас -

Најнови вести