Хулигани во офанзива – Прекинат мечот меѓу јуниорите на Ајакс и Феенорд (Видео)

Навивачите на Ајакс и на Феенорд се познати по големиот меѓусебен ривалитет, кој стасува често до степен на максимална омраза, а и денеска не им беше гајле за последиците, па беа главни виновници за скандалот во холандскиот фудбал.

Прекинат е мечот од холандското првенство за јуниори, односно за играчи до 19 години меѓу Феенорд и Ајакс, а не помогнаа ниту молбите од легендите Дирк Кајт и Џони Хејтинга, да се сопре инцидентот.

Според холандските медиуми, навивачите на Ајакс нападнале група родители чии деца играат за Феенорд, па реагираше и полицијата.

Кајт и Хејтинга се обидоа да ги смират страстите на трибините, но без успех, па мечот е прекинат при резултат 0:0.

На Феенорд му одговараше и реми за титулата, а Ајакс можеше само со победа да биде првак во јуниорска конкуренција, а сега непознато е кога и дали мечот меѓу Ајакс и Феенорд за играчи до 19 години ќе продолжи и ќе се доигра.

- Оглас -

Најнови вести