И Арсенал е активен во последниот ден, Емери ја „стегна“ одбраната

Како што се очекуваше, во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата клубовите работат со полна пареа да ги остварат трансфер целите. Во северниот дел од Лондон денес е доста прометно, Тотенхем треба да доведе најмалку две засилувања, но и нивниот градски ривал Арсенал не се ди со скрстени раце.

Утринава е постигнат договор со Челзи околу услугите на Давид Луиз. Искусниот бразилски стопер ќе го облече дресот на Арсенал откако ќе се реализира трансферот вреден осум милиони евра, а потоа ќе потпише двегодишен договор.

Унаи Емери воедно успеа да си ја оствари желбата и да ги осигура услугите на Киран Тирни од Селтик. Цело лето Топчиите преговараа со шкотскиот првак, а на крајот Келтите ја прафатија понудата од 25 милиони фунти, и се очекува левиот бек навреме да ги обави медицинските прегледи и потоа да потпише договор на петгодини.

Преодниот рок во Премиер лигата завршува во 18 часот, така што до тој период ќе има и официјализација.

- Оглас -

Најнови вести