И Баерн не можеше да го спречи налетот на Армејците

ЦСКА Москва славеше на гостувањето во Минхен, во дербито на вечерта против Баерн со конечни 89:79. Актуелниот европски првак ја запиша петтата победа во низа, а воедно ја прекина победничката серија на Баварците од четири триумфи.

Домаќините речиси цела средба ѝ парираа на ЦСКА, но во моменти кога се кршеше мечот, Армејците со серија од 10-0 во последниот период ги решија сите дилеми.

Милутинов беше перфектен со 18 поени и ниту едно промашување од осум обиди, за дабл-дабл учинок имаше и 12 скока, а како најефикасен кај гостите се истакна Џејмс со 25 поени. Болдвин со 19 поени и 5 асистенции се покажа како најдобар од редовите на Баерн.

Во меѓувреме, Басконија беше убедлива против Панатинаикос со 93:72, додека претходно Анадолу броеше со 105 поени во победата над Химки (105:77).

- Оглас -

Најнови вести