И без Адетокумбо, Милвоки ќе ги „згази“ Лејкерси

Милвоки бакс – ЛА лејкерс (01 часот)

Ќе недостасуваат главните ѕвезди, Адетокумбо го повреди глуждот и нема да игра за Милвоки, Џејмс, пак, има проблеми со препоните и не ќе може да им помогне на „езерџиите“. Без разлика на отсуството на носителот, се очекува Бакси да остварат лесен триумф и да се вратат на победнички патеки по разочарувањето пред домашна публика од Филаделфија пред два дена.

Милвоки го осигури пласманот во плејофот, но целта е да се задржи лидерската позиција на Истокот за да се добие најлесниот можен противник, кој во овој случај е тимот на Мајами хит. Лејкерс на другата страна веќе немаат шанси да стигне до местата кои водат во разигрувањата, па токму затоа овој меч не им е многу важен.

Предлот тип: 1 хен. -10.5 (1.83)

 

Џејмс Харден (Атланта хокс – Хјустон рокитс, 00:30 часот)

Хјустон е на чекор до осигурување на своето место во разигрувањата, а за тоа му е потребно уште едно брилијантно издание на Џејмс Харден. Ракетите во претходниве неколку дена влегоа во серија од две победи, Харден против Феникс беше неприкосновен со 41 поен, но против Минесота стигна само до скромни 20 поени. Сега Брадата ќе игра против екипа која му лежи, па токму затоа се очекува да го надмине просекот од 35 поени.

Предлог тип: Џ. Харден >35.5 (1.90)

 

Минесота тимбервулвс – Голден стејт вориорс (01 часот)

Шампионот води „мртва“ трка со Денвер за лидерската позиција на Западот, двете екипи имаат идентичен учинок од 47-22 по 69 натпревари, но сега „воините“ имаат шанса да застанат на врвот, барем во следните неколку дена.

Минесота сезонава ги загуби двата дуели против Голден стејт, но ноќеска за првпат ќе му бидат домаќин. Ќе очекуваат поддршка од своите навивачи, кои ќе треба да им бидат ветер во грб во обидот да совладаат еден од најдоминантните тимови од изминативе неколку години.

Предлот тип: >228.5 (1.85)

 

Сакраменто кингс – Бруклин нетс (03 часот)

Бруклин речиси и да ја заврши работата и многу веројатно ќе игра во плејофот, но со трите последователни порази си ја загрози позицијата и сега е седми на Истокот. Таков не е случајот со Сакраменто, иако „кралевите“ пред извесно време имаа надеж за разигрувања, осмото место на Западот во овие моменти е недостижно за нив.

Сметајќи ги последните шест меѓусебни средби, Бруклин и Сакраменто имаат по три победи, но сезонава единствената пресметка ја добија Нетси со големи 123:94. Се очекува сличен исход според поените, иако Кингс во последно време редовно ја надминува границата од 100 поени.

Предлог тип: <232.5 (1.90)

 

Лу Вилијамс (ЛА клиперс – Индијана пејсерс, 03:30 часот)

Барем една екипа од Лос Анџелес ќе игра во плејофот, како што стојат работите, осмото место на Западот ќе им припадне на Клиперс. Пред нив е тежок предизвик, во „Стејплс центарот“ гостува четвртата најдобра екипа од Источната конференција. Избраниците на Док Риверс имаат една задача за ноќеска, да ѝ се реваншираат на Индијана за поразите во последните пет меѓусебни средби. Клиперси последен пат ја совладаа Индијана во јануари 2016 година, а за да го прекинат тој пост, ќе треба да се потпрат на расположението на нивниот најдобар поентер, Лу Вилијамс.

Предлог тип: >22.5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести