И без Андонова Леванте везеше на терен и го прегази Реал Мадрид, голот на Тијана е ремек-дело (Видео)

Наташа Андонова е повредена и не играше за Леванте против Реал Мадрид во премиерниот меч за дветеб екипи во новата сезона во Шпанија.

И без нашата репрезентативка тимот од Валенсија го декласираше фудбалскиот гигант со 4:0 и најави нова битка за висок пласман.

Алба Марија Редондо Ферер постигна два гола, а по еднаш мрежата на Реал ја затресоа Леире Банос и Тијана Пинто.

Третиот гол на мечот што го постигна Банос беше по прекасна тимска акција на домашните фудбалерки во 80. минута, а потоа Пинто направи мало ремек-дело.

Liga Iberdrola – Levante [3] – 0 Real Madrid – Alba Redondo 80’ from soccer

Пинто упати вистинска бомба што заврши зад грбот на Марија Родригес, голманката на Реал Мадрид.

Liga Iberdrola – Levante [4] – 0 Real Madrid – Tatiana Pinto 90’ Great Goal from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести