И болна и скапа е Короната – Екс-тренер на Несторовски и Трајковски доби отказ

Роберто Стелоне настрада во екот на епидемијата од Коронавирус од економски причини и доби отказ во Асколи. Италијанскиот второлигаш не може повеќе да го плаќа тренерот, кој стана прескап за тимот што бие битка за опстанок во Серија Б, па се одлучи на разделба.

Стелоне пристигна на кормилото на клубот во февруари годинава и има договор што важи до 30. јуни, но многу малку го водеше од клупа тимот на Асколи.

На вкупно пет меча колку што поранешниот фудбалер на Парма, Лече, Наполи, Џенова и Торино го предводеше Асколи како тренер, клубот нема победа, а билансот е три порази и две нерешени.

Стелоне во 2018 година им беше тренер на Илија Несторовски и на Александар Трајковски во Палермо. И таму имаше интересна ситуација. Во април беше именуван за нов тренер и откако не успеа да се пласира во Серија А со Палермо не продолжи како шеф на стричниот штаб на клубот на стартот од следната сезона.

Сепак многу брзо доби втора шанса да им биде тренер на сицилиајнците, за кои тогаш играше и македонскиот тандем репрезентативци, но Стелона пак беше избркан во април 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести