И да добие отказ од ПСЖ, Покетино нема да остане без работа

Сè понеизвесна е судбината на Маурисио Покетино, на кој од недела во недела медиумите му врачуваат отказ од клупата на Пари Сен Жермен. Засега Аргентинецот го држи работното место, иако деновиве се засилија најавите дека Зинедин Зидан ќе го наследи на жешкото столче во Париз.

И да добие отказ, Покетино нема многу да жали. Како компензација за предвремен прекин на соработката, би добил отштета од 10 милиони евра, а воедно екс-тренерот на Тотенхем нема многу да чека на ангажман.

Шпанските медиуми најавуваат дека Атлетик Билбао ќе се обиде да го ангажира Покетино за нов предводник, со оглед на тоа дека управата не е задоволна од работата на Гарсија Торал.

Билбао минатата сезона заврши на осмото место во Ла Лига, а доколку Покетино дојде на „Сан Мамеш“, во блиска иднина ќе се напаѓаат позициите кои водат во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести