И Далас ќе прави „голема тројка“ – На радарот Никола Вучевиќ

Далас маверикс има големи амбиции за следната сезона, прва цел е влез во плејофот, а потоа и атак на шампионска титула. Но, за тоа ќе треба да имаат повеќе од две ѕвезди во тимот. Ќе биде интересно да се види дуото Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис, сепак Летонецот поради тешката повреда дури од следната сезона ќе може да игра, а тие двајца очекуваат помош од центарот на Орландо меџик, Никола Вучевиќ.

Црногорецот по крајот на оваа сезона ќе биде слободен агент, а како прва можна дестинација е токму франшизата од Тексас. На Вучевиќ му истекува четиригодишниот договор вреден 53 милиони долари, а неговиот агент Бил Дафи, кој воедно го претставува Лука Дончиќ, веќе разгледува неколку опции. Токму затоа оваа приказна има своја тежина, поврзаноста преку агентот може да биде клучен фактор во одлуката на Вучевиќ да го облече дресот на Маверикс од следната сезона.

Црногорскиот центар сезонава е носител на екипата од Орландо. Во 58 натпревари одржува двоен учинок во просек, постигнува по 20,5 поени и 12 скока по натпревар, како и 3,8 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести