И Дел Пјеро го нападна Роналдо: Ти го предаде Јувентус

Алесандро дел Пјеро во 1996 година беше предводникот на Јувентус во походот за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Од таа сезона, до сега, поминаа 25 сезони во кои Старата дама само мечтае за да го повтори успехот од ерата на Дел Пјеро.

Легендарниот напаѓач беше дел од Јувентус во периодот од 1993 до 2012 година, период во кој одигра 705 мечеви и даде 290 погодоци. Токму затоа критиките на Дел Пјеро имаат тежина кога се зборува за Јувентус, а некогашниот италијански репрезентативец „удри“ по првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Според Дел Пјеро, Роналдо е еден од главните виновници за вториот гол што го даде Порто, откако Португалецот „се скри“ од топката, а та помина под неговите нозе и заврши во голот. Поради тој гол, Јувентус сега е елиминиран од Лигата на шампиони.

„Роналдо со тој потег го предаде Јувентус, но не беше само тој. Сепак, тој како најдобар играч, има одговорност. Како лидер на тимот треба многу пообро да реагира во такви ситуации. Јувентус еден час играше со фудбалер повеќе, но создаде премалку шанси во нападот. Порто само ја чекаше својата шанса и на крајот ја истористи“, реле Дел Пјеро.

 

- Оглас -

Најнови вести